Маск, Безос, Гејтс, Цукерберг станаа уште побогати за време на криза

by Фокус 14:48
14:48

Двојно побогати станале десетте најбогати луѓе во светот од почетокот на корона-пандемијата пред две години, пишува Дојче Веле. Вкупното богатство на најбогатите од 700 милијарди долари скокнало на 1,5 трилиони долари, односно тоа е сумата која тие вкупно ја заработуваат секој ден.

Истовремено, короната втурна над 160 милиони луѓе во сиромаштија, со помалку од 5,5 долари дневно, а 21.000 луѓе на планетата умираат во едно деноноќие, се наведува во извештај на организцијата Оксфам. Од Оксфам обично објавуваат извештај за глобалната нееднаквост на почетокот на состанокот на Светскиот економски форум во Давос, кој годинава се одржува онлајн поради пандемијата.

– Речиси секој ден се создава нов милијардер за време на оваа пандемија, во меѓувреме 99 отсто од светската популација е полоша поради заклучувањата, пониската меѓународна трговија, помалиот меѓународен туризам, и како резултат на тоа, 160 милиони луѓе се втурнати во сиромаштија – вели Дени Срискандараја, главен извршен директор на Оксфам ГБ.

Форбс ги наведе 10-те најбогати луѓе во светот по следниот редослед: шефот на Тесла и Спејс Икс, Илон Маск, Џеф Безос од Амазон, основачите на Гугл, Лери Пејџ и Сергеј Брин, Марк Цукерберг од Фејсбук, поранешните извршни директори на Мајкрософт, Бил Гејтс и Стив Балмер, поранешен извршен директор на Оракл, Лери Елисон, инвеститорот Ворен Бафет и шефот на француската луксузна групација ЛВМХ, Бернар Арно.

Поврзани новости