Машинист од Прилеп пронајден затрупан во рудникот „Суводол“

by Fokus

К.Т. (38) од Прилеп, кој работел како машинист, пронајден е затрупан во одрон од земја во рудникот „Суводол“.

Како што соопшти МВР, случајот е пријавен ноќеска, во 02.30 часот во СВР Битола.

Лекар од Итна медицинска помош Битола констатирал смрт, а увид извршила екипа од СВР Битола. На местото на настанот биле Трудов инспектор и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено на обдукција.

Поврзани новости