Марш во чест на убиените новинари во Париз

by Фокус 16:31
16:31

Со наострени моливи во рацете десетици новинари од Скопје денеска маршираа од Паркот на новинарите до францускиот културен центар, во знак на солидарност со егзекутираните колеги од францускиот сатиричен магазин „Шарли Ебдо“.

Насобраните новинари се потпишаа во книгата на жалост која е отворена во францускиот центар и заедно со поранешни дипломати и истакнати јавни личности на видео бим го проследија масовниот марш кој во моментов се случува во Париз.

– Денеска сме тука со своето присуство да ја покажеме нашата солидарност но и нашата подготвеност да се бориме за правото на професијата секаде во светот, како што тоа го направија и нашите колеги од Франција. Пробаа да ја ликвидираат демократијата. Интелигенцијата, хуморот и културата сакаа да ги претворат во ништожност. Но, борбата која треба да ја продолжиме во чест на нашите колеги од Шарли кои подготвуваа специјално анти- расистичко издание, е да ги разобличиме и осудиме сите екстремисти кои промовираат расизам и омраза, изјави пред присутните заменик претседателот на Синдикатот на новинарите, Драган Антоновски.

- Advertising -

Во овие моменти во Париз се одржува масовен марш, односно стотици илјади луѓе маршираат во чест на убиените новинари и другите жртви од варварскиот напад извршен врз редакцијата на „Шарли Ебдо“.

paris2

Во нападите загинаа 17 лица, новинари и карикатуристи на магазинот „Шарли Ебдо“, полициски службеници како и заложници кои ги грабнаа исламските екстремистички терористи.

Свое учество на маршот најавија многу странски лидери, меѓу кои и германската канцеларка Ангела Меркел, премиерот на Шпанија, Маријано Рахој, на Италија, Матео Ренци, на Велика Британија, Дејвид Камерон и на Израел, Бенјамин Нетанјаху, како и претседателите на Европскиот совет и на Европската комисија, Доналд Туск и Жан-Клод Јункер.

Поврзани новости