Марковска: Какви ќе бидат резултатите од референдумот, на таа страна ќе се приклони ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Поранешната пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Ѓулистана Марковска во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека е крајно несериозно тоа што ВМРО-ДПМНЕ не кажува јасен став за референдумот.

-Никој, ама никој во Македонија, дури ни потписниците на Договорот, не се среќни дека тоа се случи. Едноставно тоа е услов што мора да се направи. Ако било која Влада беше на ова место, ќе го постигнеше овој Договор. Ние 27 години имаме лет во место. Во овој момент не решаваме за нас, туку решаваме за иднинатата на децата на нашите деца. Не може една од најголемите партии, ВМРО-ДПМНЕ својот став да го чува под маса за поткосурување. Какви ќе бидат резулатите, на таа страна ќе се приклони ВМРО-ДПМНЕ, тоа е крајно несериозно, рече Марковска.

Поврзани новости