Марковиќ: Мали се шансите за договор со Бугарија пред втората половина на 2021

by Фокус

Универзитетскиот професор и член на Советот за безбедност на шефот на државата, Ненад Марковиќ, во 360 Степени на Алсат вели дека поголеми се шансите за решение со Бугарија за време на втората половина од следната година, отколку да се најде компомис до декември или до пред одржувањето на изборите во Бугарија во март 2021 година.

-Не сум оптимист дека до декември може да се реши, би рекол еден 60-годишен спор. Што се однесува до самата наредна година, мислам дека пред март нема ништо да се случи. Мислам дека Бугарија некако се урови во своите позиции, изгради прилично длабоки ровови од кои сега многу тешко се излегува. Повеќе би дал шанса за време на словенечкото претседателство со ЕУ да се реши овој проблем, отколку за време на португалското. Мислам ќе има доволно време да се постигнат компромисни решенија доколку Бугарија минимално отстапи од овие радикални позиции со кои се постави – вели Марковиќ.

Поврзани новости