Маркова река се излеа во Батинци, градоначалникот на Студеничани вели дека нема потреба од евакуација

by Fokus

Поради обилните врнежи од дожд, Маркова Река се излеа во село Батинци. Предизвикани се поплави на улиците и дел од домовите. Локалните власти уверуваат дека нема опасност за населението.

Градоначалникот на Студеничани, Азем Садики, вели дека состојбата се санира, во моментов нема потреба од евакуација, но има материјални штети.

Тој посочи дека засега има прекин на врнење на дождот, а во околните куќи околу Маркова река има влезено вода во дворовите.

 

 

Поврзани новости