Марко Пејчиноски уште еднаш го преплива Охридското Езеро

by fokus

Марко Пејчиноски од Охрид, денеска по втор пат го преплива Охридското Езеро. Нему му беа потребни нешто повеќе од 14 часа за од Охрид да исплива до Свети Наум.

Марко пред три години го преплива езерото, кога со 12 години стана најмладиот маратонец што ја испливал 30-километарската делница од Свети Наум до Охрид.

Овој пат тој пливаше во чест на православниот празник посветен на Свети Наум, кон кого охриѓани имаат изградено култ на чудотворец и исцелител. Манастирот посветен на Светецот уште од синоќа го посетија голем број верници со молитви за здравје.

Поврзани новости