Марко Марк: Не ни треба ТВ декаденција!

by fokus 12:18
12:18

City Mall

Тој е момчето со кое ви почнува утрото на Телма. Расположен, насмеан, добронамерен. Попладне ве пречекува дома додека патувате на радиото Канал 77. Во Хороскоп е Скорпија, која неодамна го прослави својот роденден.

Деновиве актуелен со учеството во кампањата против насилството на жените. Секогаш опкружен со убави партнерки на екраните, денес Марко Марк го уловивме сам. Со него овојпат се дружевме во Скопје Сити Мол.

- Advertisements -

Прошетката ја почнавме со кафенце. Уживавме полека, додека сонцето нѐ разгалуваше пред Скопје Сити Мол. Му го честитавме роденденот. Уште веднаш љубопитно разоткривме колку Скорпиите се доминантни со карактеристиките кај него.marko-mark-01

ФОКУС: Велат дека Скорпиите ги карактеризира желбата за контролирање на секоја ситуација. Важат за едни од најсилните знаци во хороскопот. Колку од овие особини препознавате кај себе како Скорпија, родена на 24 октомври? Колку, пак, Вагата, која исто така е присутна во вашата натална карта, ги мери работите на кантар? Дали таа доминира со својот поглед со розови очила во животот, со својот волшебен оптимизам дека сѐ ќе биде добро?

МАРКО МАРК: Признавам дека астрологијата сама по себе е мошне предизвикувачка, интересна и обемна наука и секогаш велам (со посебен пиетет кон астролозите и луѓето што се занимаваат со оваа област) дека не сум личност што чита хороскоп или можеби ги знае карактерните особини на симболите од Зодијакот.

Но, да, некогаш се случува коинциденција во моето секојдневие, во функционирањето и опкружувањето. Па, на моменти и си спомнувам: „Еј, да ова баш вака и мене ми се случи или оваа карактеристика ја поседувам или е типична за мене“. Но, признавам дека еден од најдобрите пријатели на мојата сестра, Александар, е мошне стручен на оваа тема и астролог по вокација.

Во една пригода, на нивно инсистирање, извадивме и натална карта. Токму од таму ги дознав подзнакот, емоциите во кој знак се и слично. Според неговото толкување, тој рече: „Твојот надворешен изглед и впечаток е типична Скорпија, но во подзнакот ти си апсолутна Вага“. Јас морам да признаам дека за круцијалните одлуки, прашања, примери и сл., кантарот е секогаш присутен и вклучен.

Во одредени моменти, потребна е и мала асистенција и помош од семејството и од моите најблиски пријатели, па дури и по сумирањето, одлуката ја запечатувам. Го сакам оптимистичкиот дух, па  и драго ми е што најчесто е присутен, попатно со тие розови очила…

Нормалниот тек на животот се состои од подеми и падови, среќа и тага, плач и смеа. Но, и покрај сѐ, на крајот, најчесто убавите работи се во изобилство, а јас и си верувам дека убавата енергија и позитивните вибрации, за возврат кај секој од нас го имаат најчесто повратниот ефект… Јас секогаш велам: Биди својата најдобра верзија од себе на овој свет.

ФОКУС: Зошто баш Марко Марк? Дали овој псевдоним ви ја отвори полесно вратата пред јавноста?

МАРКО МАРК: Конечно ќе го дадам одговорот на ова прашање. Не постои никаков псевдоним или уметничка креација зад моето вистинско име и презиме, како што многумина го протолкувале. Тоа е кратко и јасно Марко Марк.

Не велам дека и по толку години нема дискусии кај многумина, меѓутоа нема ништо, освен вистинско, обемно, мешано фамилијарно стебло, и тоа конкретно од страна на мојот татко. Јас многу често велам дека ако одлучиме да го направиме стеблото на голем лист хартија, ќе ни треба време.

Па, дури и некого оправдано би испуштиле, бидејќи тој има толку многубројни семејни членови, распространети низ сите можни меридијани на светов, вклучително и секакви националности и религии, Хрвати, Албанци, Италијанци, Американци. Ете така, ние ја поседуваме таа одредена космополитска линија, благодарение токму на него. Инаку да, признавам, звучи специфично и уникатно, секогаш кога ќе ме прашаат.

Но, верувајте, не само кај нас, некогаш се случува и кога патувам да се пошегуваат „Hey hey, Marky Mark And The Funky Bunch“. Тоа секогаш ми предизвикува насмевка. Има дури и дами што ми велат „Дај барем еден потпис да ставиме, да носиме твое презиме“.

Несекојдневно е да се слушне име и презиме, каде што само една буква, прави мала разлика. Бенефити посебно во работата, искрено сум немал, но останува и ден денес запаметено кај луѓето токму поради специфичноста.marko-mark-05

ФОКУС: Од вечерните термини на телевизија се преселивте на утринскиот на Телма телевизија. Кој термин ви лежи повеќе? Во кој термин се пронајдовте повеќе?

МАРКО МАРК: Верувајте немам никаков проблем со промени. Работата за која на времето мислев дека ќе биде повеќе релаксација и авантура, денес е моја егзистенција и професија. Нема начин да се опише предизвикот да се работи со магијата во телевизија. Секогаш е нова приказна и нема граници во креативноста.

Па, во име на големата љубов што ја чувствувам кон мојата работа, кај мене секогаш постои компромис. Токму затоа и промената од вечерните во утринскиот термин, што не ми претставува никаква мака. Сѐ што е поврзано со спортот, културата, забавата, музиката и филмот, за мене е вистинско уживање, додека сѐ што е во доменот на  политиката, црната хроника и сл., е апсолутно категорично и големо НЕ.

ФОКУС: Зошто се откажавте од „Стисни плеј“?

МАРКО МАРК: Никогаш не се откажав од тој прекрасен проект. Тој е вистински белег за мене и за моето работење, барем во изминативе 5 години. Со Александра буквално му дадовме живот, континуитет, надополнување, професионалност и јубилеј. Тој сѐ уште продолжува да пишува своја историја во македонскиот етер.

Тој е нешто на што сум навистина посебно среќен и горд. Но, поради многу години непрактичност околу таа чудна наша бирократија, како и  мојот  личен статус како новинар во националниот сервис, морав да ставам крај на ноторните лаги. Затоа кармата навистина знае да ни послужи во вистинското време.

Ете така, спонтано се случи и повикот од раководителите и од менаџерскиот тим на Телма. Телевизијата ми понуди да бидам дел од новиот тим од утринската редакција. Јас сум навистина благодарен за можноста да дадам свој идентитет, овојпат на уште поинтересен начин.

Секако, како и досега, секогаш го давам својот максимум во работата, овојпат со мојот нов тим: Цеце, Елена и Гоце. Ние секојдневно нудиме пријатни вибрации, непосредност и уживање за публиката, која пак најмногу и заслужува. Среќен сум и исполнет, признавам.marko-mark-06

ФОКУС: Во Телма влетавте во време на промени. Каква е атмосферата сега? Дали страстите се смирија?

МАРКО МАРК: Време на промени, апсолутно се согласувам. Да бидам искрен, ние сме во  корелација и со другите редакции и нашите колеги, меѓутоа 99 отсто работиме посебно во тимот на утринската на Телма. Да, се случија и некои кадровски промени, меѓутоа тоа се одлуки на целиот тим раководители.

Тука и нема што повеќе да дополнам, рака на срце. Атмосферата е одлична, а зошто го велам ова? Бидејќи креираме програма, која е апсолутно непосредна, забавна и релаксирана, како за нашите лојални гледачи и поддржувачи, така и за целиот тим на проектот. Во исто време, нудиме и едукативна и информативна програма за сите генерации.

Мораме да ја вратиме публиката, не смееме да дозволиме и понатаму да се случува една хаотична и типична декаденција на македонската програма и продукција. Ние навистина вложуваме многу труд, за нашата македонска публика да има можност да ужива со добри и конструктивни содржини. Овде има премногу творци и креатори што ги заслужуваат аплаузот, поддршката и почитта.marko-mark-02

Кафето го испивме. Одлучивме дека сега е вистински момент за шопинг. Додека шетавме, забележавме дека Во Скопје Сити Мол има интересна акција. Модните стилисти ќе одберат три девојки или момчиња, чиј предлог го сметаат за оригинален придонес кон нивната комбинација, по што одбраните тројца ќе добијат можност и самите да создадат своја комплетна модна комбинација што ќе биде изложена на кукла во Скопје Сити Мол.

ФОКУС: Телевизиски, најчесто во друштво на партнерки. Дали оваа комбинација ви одговара повеќе, од тоа сам да се појавите во улога на презентер на емисија?

МАРКО МАРК: Да, побројни биле проектите во комбинација и друштво на партнерки. Имам реализирано проекти и самостојно. Но, веројатно поради сплетот на околности, најчесто сум бил присутен во ТВ-проекти, во кои било неопходно тандем или работа со тим. Секако, никогаш не е исклучена можноста во иднина да се најдам и на одреден проект како индивидуалец  во улога на ТВ-домаќин.

Не ја исклучувам ни шансата да работам повторно и како автор на свој проект. Само здравје, работите со позитивна мисла секогаш се остваруваат.marko-mark-07

ФОКУС: Кој е идолот на кој сакате да се угледате? Постои ли телевизиски или радиски лик од кој црпите сознанија за полесно „пловење“ низ етерот?

МАРКО МАРК: Сакам да ги консумирам, и тоа во секое време, прекрасните вечерни шоуа на секогаш позитивните и оригинални Jimmy Fallon, Ellen Degeneres, Jimmy Kimmel, James Corden, Graham Norton. Ја сакам и одличната енергија на домаќините на ТВ-проектите „The View“, потоа „Good Morning America“, која е вистински прототип за утринско шоу. Тука се и фантастичните радиошоуа на феноменалниот Ryan Seacrest…

ФОКУС: Радиото паралелно со телевизијата е поле од каде што ги испраќате своите пораки. Кој медиум е полесен за изразување?

МАРКО МАРК: Секако дека радиото е многу пофлексибилно и практично, но мислам дека си има еден посебен пристап на свое изразување. Посебен шарм и концепт е работењето на овој терен и оваа сцена. Радиото дава една поинаква имагинарна перцепција за слушателите. Токму и затоа, велам дека треба да сте и добри домаќини, кои ќе бидат умешни да направат вистинска магија во етерот, но само со музиката и вашиот вокал.

ФОКУС: Дали вие ја чувствуваат таа магија во радиото, која ја споменуваат сите радиводители?

МАРКО МАРК: Шармира од прва, апсолутно ДА. Моја прва, нераскинлива, љубовна врска. Маркантен е медиумот, но и посебен. Нема ништо подобро од тоа дека со пласирањето на добрата музичка програма, вие некому сте му го направиле денот сончев. Нема поголема возбуда…marko-mark-03

Марко Марк ужива во спортскиот комодитет на облекувања, надвор од јавната сцена. Токму и затоа во Скопје Сити Мол се упативме во спортскиот центар Buzz.

ФОКУС: Кој беше вашиот сон како дете? Дали тој сон е дел од реалноста во која живеете?

МАРКО МАРК: Никогаш не престанувам да мечтаам, впрочем како и секој поединец. Тие наши и единствени „соништа“ се исполнуваат, кога имате силна верба и љубов, ако навистина од срце го посакувате истото…

Еве еден од моите соништа ќе го откријам јавно. Посакувам што поголема емоција, емпатија, поврзување едни со други, да се надополнуваме и советуваме за вистинските животни вредности. Посакувам секој од нас секојдневно да предизвика некому насмевка, без некоја посебна причина да прегрнеме некој, да не забораваме да ги кажеме безболните „Пардон, прости, благодарам“…marko-mark-08

ФОКУС: Што го преокупира Марко во слободното време?

МАРКО МАРК: Семејството, моите пријатели, животните, убавите предели низ Македонија. Тука се и метрополите низ светот, од каде што црпам инспирација, велосипедот, но и селата и планините. Тие се некои од главните моменти во кои уживам да размислувам за себе, за животот… Гастрономијата, книгата, киното, театарот…

ФОКУС: Како вашата сестра реагира на вашиот изглед на екраните? Дали таа има свои сугестии? Знае ли да биде престрога во своите критики?

МАРКО МАРК: Во суштина сум многу практичен и едноставен кога станува збор за модата, стајлингот и сл. Постојано велам дека нема потреба да бидеме нечија друга верзија. Ние самите по себе сме со посебна и уникатна аура, која го отсликува нашиот живот и постоење. Токму затоа сум многу флексибилен.

Да, мојата сестра Грацијела (мојата преголема љубов) е еден од најголемите критичари. Таа најдобро ме познава, затоа во тие моменти сѐ ѝ е препуштено на нејзините мајсторски вештини и раце. Таа знае дека тоа  што ќе го создаде, ќе биде и соодветно износено.marko-mark-10

ФОКУС: На што најчесто го трошите своето време при шопинг?

МАРКО МАРК: Беа, останаа и ќе бидат моја најголема пасија. Тие се тие – спортските обувки

ФОКУС: Што не би простиле во љубовта?

МАРКО МАРК: Низ годините , посебно сега во оваа доба од животот, нема простор да не се прости. Не знам. Тоа е некое мое правило. Мислам дека токму сега, баш во оваа животна етапа, па и понатаму, стануваш сѐ помудар, па и поинаква е дефиницијата и перцепцијата за суштината на живеењето.

Ако направиш една проста компарација со претходната декада, сигурно ќе се смееш за некои одредени чекори, ставови и сопствени чудни идеали. Никој од нас не е роден без доблести и мани. Токму затоа, потребно е многу поголемо ниво на  толеранција и солидарност.

Мислам дека доколку се чувствува некоја пресија и болка во љубовта, во некој постојан континуитет, многу подобро и побезболно би било да се збогуваме  и да си посакаме сѐ најдобро понатаму, наместо да расте тоа чувство на агонија, чувство на вина, болка и да се повторува едното исто сценарио.marko-mark-09

ФОКУС: Која е вашата порака до жените, жртви на психолошко насилство?

МАРКО МАРК: Пораките гласно ги кажавме со моите пријатели и колеги. Би сакал да повторам само дека, за жал, токму психолошкото насилство е второто, најзастапено насилство кај жените во Македонија. Во најголем дел од жртвите на физичко насилство, па дури 78 отсто се токму припадничките на понежниот пол.

Време е да се подигне свеста, да се апелира дека не треба да постои страв за преземање на првиот чекор. Прв чекор е пријавата на насилство, без разлика дали станува збор за душевно, сексуално, психолошко или какво било друго емотивно малтретирање. Ова секако заслужува поддршка од сите нас, од народот и од најблиските, и тоа во секое време.marko-mark-04

По шопингот, посакавме десерт, па се упативме низ Скопје Сити Мол да ја најдеме нашата нова локација.

Поврзани новости