Марко го засени пресот на Заев, вели Груевски кој го прими момчето што се онесвести

by fokus

„Марко беше во право дека успеал да го засени пресот на Заев пласиран кај некои провладини медиуми за 100 дена влада каде што не слушнавме ниту еден проект.
На прес конференцијата не приметив, но потоа лично се уверив, вистинскиот борец, младиот Марко е во добра состојба и одлично расположение. Одиме напред заедно во нови победи!“, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на својот фејсбук профил пет часа по инцидентот на прес конференцијата во партиското седиште каде момчето се онесвести додека тој држеше говор.

Неколку часа изостануваше реакција од претседателот на партијата, додека јавноста ја брануваше случката од прес конференцијата. Момчето колабираше на сцената зад Груевски, а неговите сопартијци не се поместија да му помогнат, за да не биде прекинат пресот.

 

Поврзани новости