Маркез ја освои последната трка за сезонава во МотоГП

by fokus

Светскиот шампион Марк Маркез со Хонда ја освои последната трка во сезоната на МотоГП во Валенсија, забележувајќи ја досега невидената 12-та победа во сезоната.

Дваесет и шест-годишниот Шпанец заврши со околу една секунда пред Фабио Куартараро со Јамаха, кој стартуваше од пол-позицијата. Трет заврши Џек Милер со Дукати.

Трикратниот светски шампион Хорхе Лоренцо, за кого Валенсија беше последна трка во кралската класа, заврши на 13. место. Така, тој ја заврши последната сезона од својата кариера на 19-то место во генералниот пласман и без пласман во првите 10.

Марк Маркез собра рекордни 420 поени од 19 трки и не успеа да заврши единствено на Гран-при на САД. Втор во генералниот пласман е Андреа Довициозо со Дукати (256 поени), а трет Шпанецот Маверик Вињалес со Јамаха (201 поен).

Поврзани новости