Марјановиќ: Ако ДПМНЕ освои 63 пратеници ќе се вратиме во едноумието

by fokus

Дали со недај Боже исполнувањето на желбата на Никола Груевски за 63 пратеника во новиот парламент, не ќе завладее повторно едноумието, но сега, во осиромашената Македонија, тоа би било многу пострашно, вели професорот Ѓорѓе Марјановиќ за ПлусИнфо.

-Како едноумието да го заменивме со „двоумие“. Одлуките што се носеа во досегашниот парламент, главно, беа резултата на одлуката на владеачката партија. Превластот на ВМРО ДПМНЕ во парламентот, сосема ги амортизираше сите обиди на поинакви решенија. Затоа, не сум сигурен дека дојде до вистинска промена на политичката сцена, вели Марјановиќ како коментар на 25 години плурализам во Македонија.

Поврзани новости