Марин апелира до граѓаните да не оставаат отров по синоќешниот напад на ротвајлер во Аеродром

by fokus

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, испрати апел до граѓаните да не оставаат отров на јавни површини откако синоќа ротвајлер во Ново Лисиче нападна и испокаса случајни минувачи, при што со повреди се здобија девет лица.

„Апелирам до граѓаните да не преземаат мерки против заскитани кучиња на своја рака. Отровите на јавните површини се опасни за сите, а насилството има секогаш лоши последици. Екипите на Град Скопје, односно ЈП Комунална хигиена ја следат ситуацијата на терен и се секогаш подготвени за интервенција“, напиша Марин на својот фејсбук профил.

Родители на повредените деца најавуваат дека ќе покренат тужби против Град Скопје. Од Градот претходно информираа дека ротвајлерот е заловен и однесен во стационарот Вардариште. Се работи за расно куче, веројатно напуштено од својот сопственик.

Поврзани новости