Маријан Стојаноски се враќа на музичката сцена со нова песна

by fokus

Поп пејачот Маријан Стојаноски после долго време се враќа со нова песна на музичката сцена.

Тој е повеќе од една деценија член на хорот на Македонската опера и балет, а најавено е дека за неколку седмици тој ќе излезе со нов видео запис за песната „Без тебе“.

Стојаноски во досегашната кариера остави бројни хитови како „Го молам небото“, „Дали ти си ова небо“, „Подарок“, „Ненаситен“, „Овој ритам е јак“, „Срце ќе ти украдам“, „Андреа“ и други.

Но исто така тој испеа одлични дуети, земаше бројни награди на домашни и меѓународни фестивали.

Поврзани новости