Маричиќ: Започна филтрација во судството, правда ќе има

by Фокус
Министерот за правда Бојан Маричиќ преку објава на својот фесјбук-профил ја поздраваи одлуката на Судскиот совет за разрешување судија поради нестручно инесовесно вршење судска функција.
„Филтрацијата во судството започна. Ја поздравувам последната одлука на Судскиот совет за разрешување судии кои ја попречувале правдата. Само на овој начин ќе се врати довербата во системот. На нашите граѓани им ветивме правда и правда ќе има“, напиша Маричиќ.
Инаку, судијката од охридскиот суд Весна Кичеец беше разрешена поради, како што оцени Судскиот совет, несовесно и нестручно работење во врска со случајот со убиството на охриѓанец во 2016 година од страна на Србинот Бојан Угреновиќ.

Поврзани новости