Маричиќ: „Тефтерчето“ сега е во Судскиот совет и Советот на обвинители

by Фокус
Судовите и обвинителствата мора да бидат транспарентни и одговорни, да нема застарување на постапки, ниту да има игнорирање на позицијата на која било странка во постапката, порача министерот за правда Бојан Маричиќ.
-Затоа имаме јасен план за проверка на работата на судиите и обвинителите, тоа го работиме заедно со Советот на судии и Советот на јавни обвинители. Со тоа имаме намера сите да се чувствуваат поодговорни, да учествуваат во креирање на големата слика. Ние во изминатите три години имаме судски пресуди кои што укажуваат на тоа дека навистина нема недопирливи, и ние со тоа покажуваме чекори напред – изјави Маричиќ на телевизија Стар.
Тој нагласи дека прочистувањето во судството нема да биде класичен ветинг како во Албанија, но, како што истакна, крајната цел е да се направи отчетно судство.
– Откако се донесени некои законски измени, имаме веќе разрешување на осум судии и веќе 80 дисциплински постапки се покренати. Кај судиите тоа оди побавно заради процедурата. Имаме неколку крупни имиња кои не се дел од судството, како Панчевски, Вангеловски и други, и тоа е добар почеток да се врати довербата кај граѓаните, но тоа не е доволно за вкупниот впечаток. Граѓаните очекуваат судиите да работат независно, но и да се одговорни. Јас немам тефтерче за судии, тие тефтерчиња се кај Советот на јавни обвинители и кај Судскиот совет – рече министерот за правда.

Поврзани новости