Маричиќ: Преговараме со ВМРО-ДПМНЕ за отворени листи за локалните избори

by Fokus

Министерот за правда, Бојан Маричиќ на денешната прес конференција истакна дека во претходниот период се воделе интензивни преговори со претставници на ВМРО-ДПМНЕ за прашањето за отворени листи на претстојните локални избори, кои треба да се одржат наредната есен.

„Отворените листи на локалните избори ќе бидат тест за наредните парламентарни избори. Но, морам да напоменам, зашто во дел од медиумите бев погрешно протолкуван, отворените листи не значат една изборна единица. Особено за локални избори нема таква можност, но за ова прашање ќе се разговара и понатаму“, рече Маричиќ.

Поврзани новости