Маричиќ: Попишани се 618.000 граѓани

by fokus

Работиме заедно и на решавање на проблемите, меѓутоа и на спроведување на пописот како најважна статистичка операција по 20 години, изјави министерот за правда Бојан Маричиќ.

-Заклучно со вчерашниот ден попишани се, од теренскиот попис, 618.000 граѓани, и тоа е за првите седум-осум дена, што е навистина сериозен резултат, особено со оглед на тоа што имаше два дена технички проблеми коишто за среќа успешно ги надминавме – рече Маричиќ.

Тој додаде дека државава за првпат спроведува попис по оваа методологија со нова технологија.

-Првпат спроведуваме попис без хартија и со таблети коишто во исто време 5.000 попишувачи внесуваат податоци. Нормално е кога за првпат правите нешто,  кога за првпат е креирана таква аплликација и таков систем, да се јават и технички проблеми. Тоа се случувало и во други држави, имало поголеми застои, но пописот продолжува – истакна Маричиќ.

Тој додаде дека стратегијата на попишувачите е да бидат упорни до крај.

-Мислам дека имавме случаи кога граѓани коишто на почетокот одбиле, подоцна се попишале и увиделе дека операцијата тече добро, трае кратко, безбедно и по протоколи – рече Маричиќ.

Поврзани новости