Маричиќ: Не правиме политичка чистка во судството

by Фокус

Разрешувањето на судиите не е политичко-партиска чистка, вели министерот за правда, Бојан Маричиќ, во вечерашното интервју за „360 степени“. Тој образложува дека прочистувањето во судството се заснова на јасни постапки според кои се води Судскиот совет и ги носи своите одлуки.

-Дали се суштински причините за кои се разрешуваат судиите треба да кажат членовите на Судскиот совет. Тие имаат јасно утврдена постапка, прецизирана согласно новата законска рамка од 2019 година и со која треба да наведат конкретни причини. Ние веќе немаме разрешувања како што имаше порано каде се користеа истите фрази за сите разрешувања без конкретни примери. Сега, и за вчерашното разрешување и за сите претходно, беа наведени конкретни чекори. Тоа што вам ви се чини несуштинско не мора да значи дека е несуштинско за членовите на Судскиот совет или за судството и неговата репутација. За да гласаат 11 или 12 членови на Судскиот совет треба да имаат добро образложение – вели Маричиќ.

Според него, вакви иницијативи со години не биле разгледувани и „седеле во фиоки“ во Судскиот совет, а сега веќе постои волја врз основа на интерниот план за прочистување во судството.

Поврзани новости