Маричиќ најави модел на прочистување на судството во првите 100 дена

by Фокус 23:42
23:42

Mинистерот за правда, Бојан Маричиќ, во „360 степени“ најави дека во првите 100 дена од мандатот ќе биде утврден модел за ефикасно и објективно прочистување на судството.

-Најважно ќе биде утврдување на имотната состојба и потеклото на имотот на секој обвинител преку ДКСК и анализа на случаите – 5 отсто по случаен избор, но и на случаите кои застариле, по која основа застариле, дали можеби има намерно непостапување на судиите или на обвинителите и тоа ќе биде првиот филтер. Мислам дека главната цел ни е да течат случаите брзо, ефикасно, со определена динамика која ќе си ја определат судиите, но да нема тактизирање, како што немаше со брзината на случајот „Рекет“, на случајот со Владимир Панчевски, така да нема тактизирање со ниту еден друг случај и работите да се расчистуваат брзо и ефикасно, секако согласно законот – рече Маричиќ.

- Advertising -

 

Поврзани новости