Маричиќ: Граѓаните се против уставни промени, бидејќи опозицијата сее страв

by Фокус

Долгогодишната политика на сеење на страв која што ја практикува опозицијата е причината што граѓаните во моментов се против промена на Уставот, вели за Детектор вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ.

Тој додава дека пример за тоа е Преспанскиот договор кој, според него, и донел само придобивки на Македонија.

-За жал овие податоци според мене се дело или производ на долгогодишната политика на страв која што е промовирана од опозицијата, од Левица и ВМРО-ДПМНЕ, особено минатата година на која што се напластуваа сериозни слоеви на дезинформации, лажни информации и сеење страв кон граѓаните дека нам ќе ни се одземе идентитетот, дека ќе има некаква бугаризација, дека јазикот ќе ни биде одземен и дека со ова се прави кој знае што. Ние имавме многу слична атмосфера, можеби не волку заострена меѓутоа многу слична атмосфера поврзана и со Преспанскиот договор – истакна Маричиќ.

Тој потенцира дека освен патот кон ЕУ Македонија нема друга алтернатива.

Поврзани новости