МАНУ бара стручна дебата за законот за јазиците

by Fokus

Македонската академија на науките и уметностите – МАНУ смета дека пред усвојувањето на Предлог-законот за употреба на јазиците во Собранието, потребно е да се отвори стручна и научна расправа за одделни прашања што ги регулира ова законско решение, се наведува во соопштението од МАНУ.

Во расправата би биле вклучени експерти од различен профил лингвисти (македонисти, албанолози, специјалисти од областа на ареалната лингвистика), правници, социолози.

Од таму тврдат дека стручната и научна дебата ќе придонесе подобро да се разберат предложените решенија, да се расчистат одделни недоречености што можат да создаваат проблеми при примената на Законот во практиката, да се разјаснат некои различни толкувања што се појавија во досегашната расправа.

МАНУ смета дека за сите отворени прашања и дилеми поврзани со оваа проблематика пратениците во Собранието, респектирајќи ги стручните и научните мислења, треба да иницираат конструктивна дебата, заснована врз принципите на отвореност, толерантност, заемно уважување и избегнување секаков вид ултимативност и исклучивост, сеедно од која страна тие и да доаѓаат.

 

Поврзани новости