Маневски: СДСМ награди 138 од „шарените“ со четири годишни месечни паушали

by fokus

Советниците на СДСМ во Град Скопје спротивно на законите именувале нови членови на управни и надзорни одбори во Јавни претпријатија и културни и образовни установи, реагираат од опозициската ВМРО ДПМНЕ.

Михајло Маневски денеска на прес конференција рече дека советниците по наредба на премиерот Зоран Заев и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов само со едно надгласување на точка во Советот именувале 138 членови.

„СДСМ и Шилегов, пред Новата година наградија со четири годишни месечни паушали над 138 шарени активисти и членови на СДСМ, некои од нив веќе вработени во кабинетите на Зоран Заев и Петре Шилегов. Меѓу предложените за членови може да се сретнат и имиња како советникот на Заев, Влатко Васиљ, кој како активист на Шарената револуција веднаш по доаѓањето на СДСМ на власт беше вработен во Владата како советник на Заев, а сега е и награден со член на управен одбор“, порача Маневски.

Поврзани новости