Маневски, Поповски, Жугиќ се на советничката листа на ВМРО во Скопје предводена од Мицковски

by Фокус

Советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје ќе ја предводи универзитетскиот професор Христијан Мицковски, кој воедно е генерален секретар на партијата.

По него, следуваат Мухамед Ахмет, Ирена Мишева и Михајло Маневски, додека подолу на листата во поддршка на кандидатот за градоначалник Коце Трајановски може уште да се најдат и добро познатите за јавноста Владо Поповски, Јелена Жугиќ, Марјан Додовски…

Инаку, Државната изборна комисија вечерва ги објави сите кандидати за градоначалници и советници во сите општини низ државата.

Поврзани новости