Манчевски: Владата не сака да ги контролира медиумите

by fokus

Владата не сака да ги контролира медиумите и ниту треба, ниту сака да биде мотор на реформите, рече министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, на собраниската седница на која се одговараше на пратенички прашања.

-Само сакавме да овозможиме на новинарската фела простор и механизам да се направат реформите на законот, на кој и ние претходно бевме жртви. Ова не е првата верзија на законот, имаше можеби четири, имаше повеќе консултации, јавни дебати, се е резулат на нечиј предлог, сите заинтересирани страни учествуваа. И одеднаш сме обвинувани дека се мешаме во уредувачката политика. Сега, откако ги прифативме сите сугестии, и од дебатите што ги организиравме и од други дискусии, повторно има критики, па имам дилема дали воопшто треба Владата да предлага измени. Па, по она што го слушам, изгледа е добар овој закон и не треба да се прават измени, рече Манчевски.

Поврзани новости