Манчевски на средби со европски пратеници во Брисел

by fokus

Потпретседателот на СДСМ и пратеник во Собранието на Република Македонија, Дамјан Манчевски, при вчерашната посета на Европскиот парламент, присуствувал на заедничкиот состанок на пратеници од Европскиот парламент, на кој биле и еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, и амбасадорот на Македонија во ЕУ, Андреј Лепавцов.

-На состанокот, еврокомесарот Хан ги оцени случувањата во Собранието на Република Македонија минатиот четврток, како незамислив акт на насилство и побара да се најдат извршителите и да изведат пред лицето на правдата. Еврокомесарот Хан го поздрави изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието и истакна дека следен чекор е избор на реформска влада, која ќе биде ориентирана кон исполнување на реформските приоритети, што ќе создаде услови за отворање на пристапните преговори на Македонија за членство во ЕУ, соопштува СДСМ.

Манчевски имал и одвоени средби со европратениците Кнут Флекенштајн, Едвард Кукан, Иво Вајгл, Виктор Боштинару, Јенс Нилсон, Тонино Пицула, како и со европратеникот и претседател на Партијата на европски социјалисти, Сергеј Станишев.

Поврзани новости