Манчевски: Матичните доктори ќе ја предлагаат „СтопКорона“ на пациентите

by Фокус

Министерството за здравство им препорача на матичните лекари да ја предлагаат на пациентите апликацијата „СтопКорона“, изјави министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски за ТВ 21.

-Акцијата за преземање на апликацијата преку матичните лекари, мислам дека ќе вроди со плод. Повторно ќе нагласам, немаме намера за воспоставување на рестриктивни мерки и тоа луѓето да го чувствуваат како еден вид на обврска иако би требало да е граѓанска обврска. Едноставно сакаме да почувствуваат дека треба да ја симнат за заштита на луѓето – вели Манчевски.

Поврзани новости