Манчевски: Кога ќе формираме влада, ќе го решаваме проблемот со воздухот

by Фокус
СДСМ бара веднаш да се преземат мерки за намалување на загаденоста на воздухот во Скопје и најавува дека веднаш откако ќе формираат влада ќе се зафатат со решавање на проблемот со загаденоста на воздухот.
-Вчера во Скопје беше измерено рекордно ниво на загадувањето на воздухот, речиси 25 пати над дозволеното. Загадувањето на воздухот трае многу подолго од законски дозволените 10 дена, после кои властите се обврзани да преземат мерки. Ниту градската, ниту централната власт до сега немаат преземено апсолутно ништо – рече потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски.

Поврзани новости