Манчевски: Град Скопје наредната година ќе потроши 14.000.000 евра на раскош, луксуз, фонтани, барокни фасади и споменици

by Фокус 12:28
12:28

Наредната година, Град Скопје ќе потроши 14.000.000 евра на раскош и луксуз, фонтани, барокни фасади и споменици обвинија советниците од опозицискиот СДСМ, откако во 2 часот наутро бил усвоен Буџетот на Град Скопје. Тие тврдат дека Коце Трајановски во текот на целиот ден не присуствувал на седницата.

– Коце Трајановски и владеачкото мнозинство, вечерва, во 2 часот наутро го усвоија Буџетот, којшто е против интересите на граѓаните на Скопје. Ова е Буџет на раскош и луксуз, на Буџет којшто не ги решава реалните проблеми на скопјани. Денеска владеачкото мнозинство усвои Буџет и гласаа за споменици, а не гласаа за подземна сообракајница. Вечерва гласаа за нови фонтани, а не гласаа за ново средно училиште во Аеродром. Денеска гласаа за плоштади, а не гласаа за намалување на загаденоста во градот. Денеска гласаа за уште еден нов карусел, ама не гласаа за нови водоводи и улици. Денеска гласаа за уште многубројни барокни фасади, ама не гласаа за проекти за енергетска ефикасност – истакна Дамјан Манчевски, координатор на советничката група „Сојуз на иднината“.

 

- Advertising -

 

 

 

Поврзани новости