Манчевски: Две до три илјади евра казна за раководителите кои нема да го внесат бројот на вработени

by fokus

Министерот за администрација и информатичко општество, Дамјан Манчевски во вечерашното гостување на телевизија 24 рече дека со изјавата дека нема плата за институциите кои нема да ги пребројат своите вработени, целта е постигната.

-Очигледно целта е постигната, се покрена дебата. Апсолутно не е целта вработените да не добијат плата, туку да се постигне дисциплина и сигурност на нивниот работен однос. Она што ние ќе го предложиме во следниот период е целосна автоматизација на процесот на броење на вработените. УЈП ќе може да провери дали секоја институција, односно раководителите ги имаат внесено вработените. Казните за раководните лица кои не го внеле бројот на вработените ќе биде од две до три илјади евра, рече Манчевски.

Поврзани новости