Манчевски: Да запре изградбата на Панорамското тркало кое чини 18 милиони евра

by Fokus

Се наоѓаме на локација на која редовно доаѓа до излевање на реката Вардар. Од поплавите штети трпат домовите и нивите на луѓето од неколку населени места: Раотинце, Копанце, Јегуновце, Туденце и др. Ова подрачје е постојано во опасност од нови поплави, а власта не превзема ништо за да ги заштити. Согласно проектот, за да се санира речното корито на Вардар во општина Јегуновце, потребни се 6,5 милиони евра. Со оваа санација трајно ќе се заштитат домовите и нивите на луѓето, кои до сега претрпеа големи штети, изјави денеска Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ на средбата со граѓаните од Јегуновце.

– Бараме Владата под команда на Никола Груевски, веднаш да запре со изградбата на Панорамското тркало во Скопје кое чини 18 милиони евра. Овие пари да се инвестираат во санација на коритото на Вардар, како и на други локации кои ги доведуваат во опасност животите на граѓаните – истакна Манчевски.

Поврзани новости