581
Манчестер јунајтед ќе ги започне разговорите со францускиот играч Пол Погба со цел потпишување на нов долгорочен договор.
Иднината на Погба беше една од главните теми во текот на летото, при што се сметаше дека Французинот е близу до преселување во Реал Мадрид. Сепак, трансферот не се оствари.
Сега Оле Гунар Солшер и раководството на „црвените ѓаволи“ ја испитуваат можноста за преговори за нов договор. Тековниот договор на Погба истекува за 2 години, со клаузула, исто така, истиот да продолжи за уште една сезона.