Манчестер јунајтед го доживеа најтешкиот пораз од Ливерпул на свој терен

by Fokus

Ливерпул со 5-0 го победи Манчестер јунајтед на Олд Трафорд, момците на Јирген Клоп му приредија тежок дебакл на тимот на Оле Гунар Солшер.7

Се чини дека времето на Солшер во Маначестер јунајтед веќе е потрошено и само прашање на време е кога ќе добие отказ.

Тоа што се случуваше на Олд Трафорд со тимот на Манчестер јунајтед беше срамно.

Ливерпул ја оствари најубедливата победа над Манчестер јунајтед на Олд Трафорд, а впечаток е дека можеа и поубедливо да победат.

Навивачите на Јунајтед тешко го поднесоа поразот, почнаа да го празнат Олд Трафорд уште на половина час пред крајот на мечот.

Херој на Ливерпул и на овој меч беше Салах кој постигна хет-трик, а имаше и асистенција.

Дека се спрема црн ден во Манчестер беше најавено уште во 5. минута кога по додавање од Салах, Кеита погоди за водство од 1-0.

Во 13. минута веќе беше 2-0, по центаршут од Александер Арнолд, Жота погоди за нова радост на Ливерпул.

До крајот на првото полувреме Салах даде два гола за убедлива предност од 4-0. Одбраната на Јунајтед беше очајана.

По пет минути игра во второто полувреме Салах даде уште еден гол за негов хет-трик и водство од 5-0.

Следуваше гол на Роналдо кој беше поништен поради офсајд.

Во 60. минута Погба доби директен црвен картон поради опасен старт над Кеита. Фудбалерот на Ливерпул заработи повреда, а Јунајтед остана со фудбалер помалку.

Ливерпул немаше потреба да го зголемува темпото, само рутинирано го приведе мечот до крај и ја почна радоста за големата победа.

Се чини дека сега на потег е раководството на Манчестер јунајтед.

Поврзани новости