Малолетниот син на градоначалникот Јован Пејковски, по тепачката завршил во болница

by fokus

Малолетниот син на градоначалникот на Општина Чучер Сандево Јован Пејковски вечерва со повреди на главата бил пренесен во Клинички центар по тепачка меѓу две групи младинци на автобуската станица кај Народна банка, потврдија од МВР за САКАМДАКАЖАМ.МК.

Во истата тепачка, која се случила околи 19.15 часот, покрај 16-годишниот син на градоначалникот настрадал уште еден тинејџер од Сопиште, кој, исто така, бил пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Поврзани новости