Малолетник заедно со уште три лица под закана со нож ограбиле маркет

by Fokus

Четворица лица се заканувале со нож на вработени во маркет, кој го ограбиле, информираа од МВР.

Според информациите објавени во полицискиот билтен, на 17-ти јуни оваа година разбојништво беше извршено во маркет лоциран на улица „Киро Ристевски-Дрнц“ во Тетово,  при што од тројца негови вработени, под закана со нож, беа одземени 175 илјади денари. Лишени од слобода се четири лица, меѓу кои еден 17-годишен малолетник: Б.З.( 20 ), Р.С.( 19 ), А.Б.( 20 ), сите од Тетово. Во текот на денов против четворицата осомничени ќе следува соодветен поднесок.

Поврзани новости