Малолетник уценувал соученичка со фотографии, кои ги направила кога имала 13 години

by Fokus

Во полициската станица во Карпош, мајка пријавила дека нејзината ќерка била уценувана со фотографии од нејзин соученик, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера Л.А. пријавила дека на 04 ноември нејзината малолетна ќерка и кажала дека нејзин соученик ја уценувал со фотографии кои ги направила во текот на 2016 година, додека имала 13 години. Истите пред околу една година му ги испратила на нејзин пријател со кого учела во основно училиште.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот

Поврзани новости