Малолетник паднал од Трговскиот центар во Штип

by fokus

Малолетник од Штип е тешко повреден откако синоќа паднал од терасата на Градскиот трговски центар во Штип.

-На 19.05.2022 во 21.45 во СВР Штип било пријавено дека околу 21.45 часот малолетник паднал од терасата на Градскиот трговски центар Штип, при што се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница Штип, се вели во полициското соопштение.

За настанот бил известен обвинител, а увид извршила екипа на СВР Штип.

Поврзани новости