Малолетничка тешко повредена, ја удрил автомобил без регистрација

by Fokus

Министерството за внатрешни работи информира дека на 28.10.2022 во 11.30 часот на регионалниот пат Р2431 кон планина Плачковица во Радовиш патничко моторно возило „опел астра“ без регистарски ознаки управувано од К.Б.(19) од Радовиш удрило во малолетеничка од Кавадарци.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобилa малолетничката кои и биле констатирани од лекар во Клиничкиот центар Струмица. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Радовиш.

 

Поврзани новости