Малески: Се изненадив од нашите преговарачи кои успеаја да го зачуваат јазикот и националноста

by fokus

Ова што го добивме ги надминува дури и моите очекувања. Очекував дека Грците по прашања поврзани за идентитетот, за името на јазикот и на нацијата дека ќе бидат многу потврди. Ова вечерва го изјави првиот министер за надворешни работи на Република Македонија Денко Малески во интервју за ТВ Телма.

– Во меѓународните односи е многу важно разумот да надвладее. Да ја сфатиме сопствената ситуација која е, да разбереме кои се односите меѓу државите за да ја разбереме улогата на моќта и улогата на државите кои веќе се членки во сојузи во кои ние сакаме да се зачлениме и да ги заобиколиме тие пречки, правејќи компромиси и да стасаме до нашата цел-евроатлантски интеграции, рече Малески.

Тој соопшти дека лично се изненадил од нашите преговарачи кои успеале да сочуваат јазикот да се вика македонски, макар, како што рече, со ѕвездичка која објаснува дека тоа е еден од словенските јазици и дека нацијата е Македонци.

– Верував дека Грците се во таква позиција да наметнат она што одамна инсистираа, латиница, без превод на други јазици, рече Малески, кој смета дека треба да се поддржи храбриот обид да се излезе од оваа ситуација и да се сврти една нова страница.

Според него, Грците од сето ова научиле една лекција, дека постои една друга вистина за Македонија. – Тие сега мора да живеат со тоа, како што ние не спиевме мирно сношти, рече Малески.

Тој смета дека намерно е направено во Грција да не се оди на референдум бидејќи, како што рече, постојат добри шанси тој да не успее.

Поврзани новости