Малчески: Донесувањето на Законот за јазици е вовед во федерализација, се надевам Иванов нема да го потпише

by fokus

Според Самоил Малчески донесувањето на Законот за употреба на јазиците е противуствен, ја руши унитарноста на Република Македонија и е вовед во федерализација. Тој во изјава за „Фокус“ вели дека се надева дека претседателот Иванов нема да го потпише овој Закон.

-Кога ви реагираат експерти по Уставно право, кога ви реагираат Академици, кога немате никаква јавна расправа, за мене не логична е целата постапка за донесува на овој Закон. Посебно сум изненаден од игнорирањето на укажувањата на Еврокомесарот Хан дека овој Закон воопшто не е приоритет за Република Македонија, што подразбира дека не е ни услов за нашите Евро-Атлански интеграции! Место да се зафатат со реализирање на забелешките од извештајот на Прибе, тие носат закони кои имаат за цел одржување на новото владеачко мнозинство! Искрено очекував преставниците на Владата на Република Македонија суштински да покажат демократски капацитет, што во случајов изостанува. Го прават токму тоа против што наводно со години се бореа! Зачудува фактот што со години додека беа во опозиција ветуваа дека кога ќе дојдат на власт ќе спроведат попис на население и домаќинства, а место тоа гледаме силување на демократијата и институциите на системот. Ваквото нахално носење на овој Закон нема никаква врска со граѓански и јазични права, повеќе има врска со суровата желба да се биде на власт, дури и по цена на флагрантно кршење на Уставот на Република Македонија, вели Малчески.

Исто така, додава Малчевски, проблематично е тоа што никој од Владата на РМ не излезе со било каква анализа колку ќе ги чини граѓаните ова, како што вели, противуставно дејствување на владините коалициони партнери.

Поврзани новости