Заев: Малата Република Македонија на ЕУ може да и понуди само позитивна додадена вредност

by fokus

Премиерот, Зоран Заев, на денешната заедничка прес конференција со еврокомесарот, Јоханес Хан, одговарајќи на прашање на новинарка од Германија која праша што Македонија може да и понуди на ЕУ, рече дека земјавата може да понуди само позитивна додадена вредност. Тој им се обрати на граѓаните од Германија и од Европа и рече дека безусловната препорака е потврда за успешното излегување од политичката криза.

-Верувам дека преку камерите граѓаните од Германија и цела Европа ќе ја доловат нашта среќа. Среќен сум што успеавме за краток период заедно со граѓаните, опозицијата и сите чинители да направиме таков исечкор и да добиеме кристално чиста препорака. Нашите пријатели од Германија и сите змеји во ЕУ нека знаат дека од малата Република Македонија можат дабијат додадена вредост. Имаме европска култура и сме пријателска земја, можеме да бидеме само позитивна додадена вредност. Ние сме дел од таа Европа и припаѓаме во неа, знаеме дека можеме само позитивни работи да донесеме отколку нешто проблематично, оваа земја е мала но пријателска  – рече тој.

Заев додаде дека следно што очекува е датум за почеток на преговори во јуни.

Поврзани новости