Мала промена на времето во наредните денови

by Fokus 12:55
12:55

Утрински температури под нулата се очекуваат и во текот на следните денови. Во текот на денот, температурите ќе бидат во пораст, но сепак утринските ќе бидат негативни, наместо и под -10 степени.

Синоптичарите за утре најавуваат сончево време со мала до умерена облачност и со многу ниски утрински температури. Според прогнозата на УХРМ, утре минималните температури ќе се движат од -7 до -20 степени. Во вечерните и ноќните часови во источните делови од државата ќе провејува повремен слаб снег.

- Advertisements -

Во следните денови времето ќе биде стабилно. Дневните температури ќе бидат во пораст, но минималните ќе останат под нулата. По одделни котлини можна е појава и на утринска магла.

Поврзани новости