Макрон: Не очекувам во наредните недели прекин на војната

by Fokus

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека не очекува војната во Украина да биде прекината со преговорите уште неколку недели.

Тој рече дека му рекол на рускиот претседател Владимир Путин оти прекинот на огнот мора да дојде пред вистински дијалог, но дека Путин одбил да го стори тоа, што ги отежнува нивните редовни разговори.

– Не мислам дека во наредните денови и недели ќе има вистинско решение преку преговори, нагласи Макрон.

Поврзани новости