Макрон му најавил на Пендаровски дека новата методологија ќе биде готова до март

by Фокус

Емануел Макрон и неговиот тим веќе почналe со расчистување на новата методологија, имаат предложенo еден нон-пејпер до земјите членки кој почнал да циркулира пред недела дена, рече македонскиот претседател Стево Пендаровски по денешната средба со францускиот претседател во Париз.

-Макрон очекува дека тоа ќе заврши за месец до два со инпут од останататите членки, коментари и амандмани. Начелно, тој мисли дека методологијата најдоцна треба да биде усвоена до март, но очекува и пред март да биде донесена новата ревидирана методологија – изјави Пендаровски.

Тој додаде дека му рекол на Макрон оти не би се согласила со алтернативно членство во облик на европска економска зона.

– Ми рече прецизно дека никогаш не била негова намера да ни даде алтернатива на полноправно членство. Само, рече, сакам да го подобрам процесот да не продуцира само бирократски успеси, а суштински неуспеси кај земјите кандидати – рече Пендаровски.

Поврзани новости