Макрон: Епидемијата се обновува

by fokus

Францускиот претседател Емануел Макрон соопшти дека вакцинацијата за негувателите и медицинскиот персонал ќе биде задолжителна и воедно најави и воведување други мерки за борба против епидемијата.

-Вакцинацијата ќе биде задолжителна за сите оние кои ќе бидат во контакт со кревки луѓе – рече Макрон и предупреди дека од „15 септември ќе се вршат контроли и ќе се преземаат санкции“.

Тој додаде дека земјата се соочува со „силно обновување на епидемијата што ги зафаќа сите територии“, објаснувајќи дека „појавата на варијантата Делта резултира со зголемување на контаминациите во светот“.

-Ако не реагираме денес, бројот на случаи ќе продолжи да се зголемува и хоспитализациите ќе растат од август. Имаме главно средство – вакцината – порача Макрон.

Поврзани новости