Макрадули: Субвенции за електрични автомобили

by fokus

Граѓаните сами ќе ги плаќаат налепниците во црвена, жолта и зелена боја која ги најави Владата. Заменик министерот за животна средина Јани Макрадули. очекува налепниците да придонесат за намалување на аерозагадувањето, бидејќи како што вели транспортот е втор најголем загадувач.

Макрадули вели – оваа мерка мора да се воведе со оглед на фактот што во Скопје секојдневно влегуваат околу 30 илјади возила од внатрешноста на земјава.

Налепницата ќе ја утврдува овластена техничка служба која доколку утврди спротивно на законот ќе има соодветни санкции и казни, но парично казнети ќе бидат и возачите за кој ќе се утврди дека возат со налепница која е забранета за тој ден. Износот на казната ќе се движи од околу 300 евра за физички, до илјада евра за правни лица.

Надлежните се уште не располагаат со точни податоци колку точно возила ќе бидат етикетирани со црвена, а колку со жолта или зелена налепница.

Инаку освен еколошките налепници за старите возила, надлежните ќе се даваат и субвенции за купување електрични автомобили.

Поврзани новости