Макрадули се посочи како пример дека членови на СДСМ биле дискриминирани

by fokus

Заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули, застана во одбрана на изјавата на министерот за информатичко општество, Дамјан Манчевски, кој рече дека 10 години членови на СДСМ биле дискриминирани при вработувањата во државната администрација. Манчевски изјавата ја даде по новинарско прашање за непотизмот во власта.

Макрадули, пак, се посочи себе си како пример дека дискриминација постоела.

„За изјавата на министерот Манчевски, спремен сум да дебатирам со сите оние кои го негираат неговиот став. Се разбира ако имаат време. Како паталец со примери дека ниту искуство, ниту знаење нити просек, а не пак SCi трудови помагаат. Секако не сум бил единствен, некои поминале многу полошо и подолго, ама мора да повториме една лекција: солидарноста е одлика на социјалдемократите. Не за вработување, за Поддршка зборувам. Тоа преведено во претстојните избори значи: единствен кандидат за едноставна победа“, напиша Макрадули на својот фејсбук профил.

Поврзани новости