Макрадули: Често се прашувам „кога ќе дојдеме до нормална ситуација?“

На оваа држава и треба СДСМ како водилка

by Fokus

Првиот човек на АД „Пошта“, Јани Макрадули во гостувањето во 24 Анализа на ТВ 24 говореше за политичката ситуација во Македонија.

Според него, Владата ќе има стабилно мнозинство, додавајќи дека на Македонија и треба СДСМ како водилка во иднина.

„Често се прашувам „кога ќе дојдеме до нормална ситуација“. Политиката наша никогаш не е здодевна. Разговорите и пораките зборуваат дека ќе имаме стабилно парламентарно мнозинство. Очигледно дека ќе има нов претседател на СДСМ по оставката на Заев. На оваа држава и треба СДСМ како водилка“, рече Макрадули.

Поврзани новости