Макпетрол Инфо Поинт: Во Германија и Австрија слободна продажба на алкохол, но казни од 500 до 6.000 евра за возење пијан

by fokus 12:50
12:50

Возењето под дејство на алкохол е забрането во сите земји, но казните и ограничувањата се различни и се движат од дозволени 0,01 промили во соседна Албанија до 0,08 промили во Велика Британија.

Во Германија и Австрија алкохол може да се купи слободно секаде и во секое време, но консумирањето и возењето се санкционира со високи казни од 500 до 6.000 евра.
Во Австрија дозволен процент на алкохол во крвта кај возачите, е исто како кај нас – 0,05 промили, додека кај млади и професионални возачи – 0,01 промил. Казните се движат од 300 до 5.900 евра.

- Advertisements -

Во Германија, исто како и во Австрија алкохол се продава секаде и во секое време, но дозволен процент на алкохол во крвта кај возачи е 0,05 промили, со нулта толеранција за млади и професионални возачи. Казните се движат од 500 до 3.000 евра.

Најлиберални закони има во Малта и Велика Британија – 0,08 промили алкохол во крвта. Казните во Малта се движат од 1.200 до 2.329 евра, додека во Велика Британија 5.000 фунти или 5.500 евра.

На глобално ниво алкохолот е причина во над 10 проценти од сите фатални сообраќајни несреќи, додека најзагрозени се мажите и возачи меѓу 21 и 24 години. Според податоците на Светската здравствена организација за Европа возењето под дејство на алкохол е причина за 16,7 проценти од сите сообраќајни незгоди со фатални последици.

Најстрого ограничување има во Албанија, каде дозволен процент на алкохол во крвта кај сите возачи е 0,01 промил, а казните за возење под дејство на алкохол се движат од 5 000 до 15.000 леки или од 40 до 120 евра.

Нешто полиберални се Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина каде е дозволено 0,03 промили алкохол во крвта кај возачите. Казните се движат меѓу 25 и 500 евра во Босна и Херцеговина, меѓу 40 и 1.000 евра во Србија и меѓу 200 и 2.000 евра во Црна Гора.

Во поголемиот број држави како што се: Грција, Бугарија, Хрватска, Словенија, Италија или Шпанија дозволеното ниво на алкохол во крвта кај возачите е исто како кај нас – 0,05 промили.

Казните се движат помеѓу 250 и 500 евра во Бугарија и меѓу 78 и 1.200 евра во Грција, помеѓу 90 и 2.600 евра во Хрватска. Во Словенија дозволен процент на алкохол во крвта кај возачите е 0,05 промили, но затоа има нулта толеранција за млади и професионални возачи. Казните се движат од 300 до 1.200 евра.

ПР

Поврзани новости