Макпетрол Инфо Поинт: Мали работи кои несвесно го прават возењето поскапо

by fokus 15:31
15:31

Игнорирање на сигналот за проблеми со моторот, возење со мал притисок во пневматиците и нередовно сервисирање на возилото се работи кои често возачите ги занемаруваат поради немање доволно време, или пари, но со тоа несвесно возењето ги чини поскапо.

Возењето со издишани пневматици значи и поголем отпор на тркалата со патот и со тоа поголема потрошувачка на гориво. Но додека, еден до два процента поголема потрошувачка на гориво, нема да ве чини многу, пораното менување на нерамномерно истрошени или оштетени пневматици е значителна ставка во домашниот буџет.

- Advertisements -

За правилно одржување, притисокот на пневматиците треба да се проверува еднаш неделно. Правилниот притисок во тркалата, најчесто е означен на шасијата на возилото на десната или левата предна врата.

Возењето со вклучена сијаличка за проверка на моторот, многу често ја зголемува потрошувачката и до 40 проценти. Па така, една поправка што би ве чинела 1 000 денари, на долг рок може да достигне и до 3 000 денари.

Редовното одржување на возилото е многу важно, но тука не е само редовниот сервис, туку е важно и сами да правите неделна или месечна проверка на маслото, водата во ладилникот, како и течноста за кочници или управувачот. Соодветното масло во моторот е многу важно за добро подмачкување, но и побрзо постигнување на работната температура на моторот, а со тоа и помала потрошувачка на гориво.

Engine malfunction warning light control in car dashboard. 3D rendered illustration. Close up view.

Редовното одржување може да ви заштеди поголеми трошоци за поправки во иднина.

ПР

Поврзани новости