Макпетрол АД е најдобрата компанија според ССМ за изминатата недела

by Fokus 18:55
18:55

Макпетрол АД, водечка сила во енергетскиот систем на нашата држава според Сојузот на стопанските комори на Македонија е прогласена за најдобра компанија изминатата недела.

Сојузот на синдикати на Македонија започна кампања за прогласување на најдобра компанија на неделата. Еднаш неделно, ССМ ќе објавува кои компании се пример како во услови на пандемија се почитуваат работничките права.

- Advertisements -
Banner 300x250_

Во услови на здравствена криза која не смееме да дозволиме да се претвори во криза на пазарот на трудот, кога голем број на несовесни работодавачи најавуваат отпуштање на работниците, праќање на принуден одмор, намалување на платите, подметнување на спогодби за престанок на работниот однос за кои ССМ континуирано во изминатиот период предупредуваше, сметаме дека е важно да се информира за компаниите кои се пример и кои треба да ги следат сите работодавачи во овој период“.- велат од ССМ.

 

 

Поврзани новости